Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Претседателски избори 2024 – хроника 15.04.2024

Претседателскиот кандидат на Коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, на митинг во Ѓорче Петров говореше за сработеното во изминатите седум години, упати остри критики кон опозицијата и побара масовен одзив на граѓаните и на претседателските и на парламентарните избори.

Претседателскиот кандидат на Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, од митингот во Прилеп порача дека легитимитетот се добива на избори со програма, а не со ветувања кои не се исполнуваат. Според неа, Македонија се наоѓа далеку од европските стандарди, нема владеење на правото, а власта е концентрирана кај неколкумина.

Претседателскиот кандидат на ЛЕВИЦА, Билјана Ванковска на средбата со жителите на Центар во Скопје уште еднаш ги повтори своите цврсти ставови за раскинување на трите договори. Ја критикуваше препораката на Владата денот на гласањето да биде неработен само за јавната администрација.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, предлага целосна реформа на законите за локалната самоуправа, за град Скопје, за домување и други закони кои ги регулираат обврските на општините и на јавните претпријатија.  Смета дека идниот претседател има право да отвори јавна дебата за подобрување на функциите на „четвртата власт“ во државата.

Максим Димитриевски не сака да се пазари за уставни измени. Пораката на овој претседателски кандидат е упатена до сите кои водат моноетничка политика и бараат кршење на основите на Охридскиот договор, кој, според него, целосно е реализиран.

Министерот и претседателски кандидат Бујар Османи ќе ѝ предложи на Владата излегување од Отворен Балкан. Поради инцидентот во Бањска смета дека Македионија треба да ја напушти иницијативата.

Кандидатот за претседател Арбен Таравари го посети пазарот во Велес. Најавува дека ќе се ангажира за подобрување на условите за работа на помалите бизниси. Очекува наредните години да бидат реформаторски за бизнис секторот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе