Вештачката интелигенција секојдневно се шири во традиционалните индустрии во Кина. Компанијата за вештачка интелигенција во Пекинг разви модел со вештачка интелигенција, кој опфаќа технолошки и историски податоци за новите модели на автомобили кои ќе се пуштат во производство.
Овој моделот преку текстови може да симулира тунел за ветер, кој ќе даде поддршка за дизајнерите на возила. Производот кој има вештачка интелигенција е усвоен од компанијата за автомобили за да се забрза процесот на производство.
Во исто време, новите индустрии во одделот на финансии и човечките ресурси користат алатки за вештачка интелигенција кои помагаат во управување со големите количини на огласи за работа.
Јанг Нинг, вработен во фирмата каде се користи платформата за регрутирање, изјави: „Понекогаш, веројатно треба да објавиме 10 до 20 работни места во исто време, а може да ни бидат потребни еден до два дена сите апликации да ги прегледаме. Со помош на вештачката интелигенција, можеме да објавиме оглас за работа и истиот да се генерира автоматски во рок од еден час“.
Според компанијата за истражување на пазарот ,,CCID Consulting”, кинеската индустрија за вештачка интелигенција се очекува да достигне вредност од 240 милијарди американски долари до 2035 година.