Вести Култура Топ вести

Традиционалните занаетчии денес ги заменуваат млади дизајнери, но тие се жалат на недостаток на репроматеријали и промоција

Старите занаети во Македонија изумираат зашто нема побарувачка за тие производи. Но, во руралните средини дел од нив сепак опстојуваат, велат од „ Лаб дизајн маркетот“, каде денеска беа промовирани производи од 20-тина млади домашни дизајнери, што претставуваат нови форми на некогашните стари занаети. Но, младите дизајнерите се жалат на недостаток на репроматеријали и на адекватна презентација на нивните производи.

Накит, обувки, облека од еколошки материјали, производи од дрво, чанти од рафија. Овие рачно изработени производи, застапени на изложбено – продажниот „ Лаб дизајн маркет“, се современи форми на традиционалните занаети во изумирање, вели кураторот Драган Христов. Според него, дел од занаетите се присутни во руралните средини,  дел се гасат поради отсуството на побарувачка за нив, а ги заменуваат новите дизајнерски креации.

  • Нема побарувачка за тие занаети. Меѓутоа, мојата теза е дека занаетите сѐ уште живеат во некаква нова форма. Не мислам дека се изумрени целосно , туку се работи за некаква нивна незастапеност општо во медиумите, во историјата , во образованието, вели Драган Христов , куратор на „ Лаб дизајн маркет“.

Дизајнерите се борат против масовното производство, ја афирмираат македонската традиција, наследство и рачна изработка, но се судираат со различни проблеми. Весна Блажевска, која трета година по ред изработува накит од полимерна глина и епоксидна смола, вели дека недостасуваат репроматеријали кај нас. Кога почнувала со дизајнирање, дефицит била глината што денес се наоѓа кај нас, но проблемот со набавката адекватна смола, останува.

  • Тие што се потранспарентни, зашто транспарентноста треба да биде јасна , се поскапи смоли и потешко се наоѓаат, вели дизајнерката Блажевска.

За дизајнерите проблем е и промоцијата на производите, вели Марија Милошевска, која дваесетина години светски познатата „ Македонска мушичка “ , ја преточува во филигран.

  • Белград, Загреб имаат сериозни продавници и вакви концепт места , каде што нивните дизајнери сериозно се промовираат. И мислам дека ова е еден совршен пример и можност , ние македонските дизајнери да се промовираме, кажа дизајнерката Милошевска.

Затоа Милошевска апелира надлежните да внимаат какви производи ќе нудат низ градските сувенирници. Во совремието разликата меѓу дизајнерите и занаетчиите се брише зашто кога ќе се искомбинираат вештините на едните и другите, се добиваат уникатни производи, што може да се продаваат дома и на странските пазари, дополнува кураторот Христов.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Тројца грабнале скопјанец го тепале и уценувале, меѓу нив и еден полицаец

Дејан Дејан

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе