Вести Македонија

Изборна хроника за 06.04.2024.

Движењето “ЗНАМ” го продолжува претседателскиот карван во Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија. Кандидатот за претседател, Максим Димитриевски, вели дека има план како да се забрзаат преговорите за членство во Европската Унија.

Претседателот Стево Пендаровски од Кичево порача дека државата мора да продолжи по европскиот пат, а не да ги поништува меѓународните договори како што предлагаат некои негови противкандидати кои ја носат Македонија во голема опасност и во нови конфликти. Мора да им се каже не на таквите, рече Пендаровски, најави дека мора да се интензивира борбата против корупција.

Кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска вечерва од митингот во Неготино порача дека нема да ги изневери граѓаните, бидејќи од нив произлегува легитиметот. Најави отварање на канцеларии на претседателот и блиски средби со граѓаните, бидејќи на еден претседател не му личи да биде осамен во планината. Стои на ставот дека мора да се има заеднички став за важните прашања за државата.

Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди, Арбен Таравари на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот во Скопје рече дека очекува победа и дека се подготвени да потпишат кој ќе загуби на избори да се повлече од политиката.  На списоците на Вреди, како што рече, нема лице кое е обвинето од Специјалното обвинителство, или пак ставено на црна листа.

Младите треба да бидат вклучени во креирањето политики во државата, порача претседателскиот кандидат на коалицијата Европски фронт, Бујар Османи, на денешната трибина во Тетово. Да се формираат регионални совети на млади, но и да бидат на пратеничките листи.

Кандидатката за претседател на Левица,  Билјана Ванковска, од Прилеп порача дека настапува со оригинална платформа и  радикална програма за  надворешната политика. Најавува дека како претседател ќе го раскине договорот за  добрососедство со Бугарија, ќе го оспори и Преспанскиот договор, и ќе покрене иницијатива Македонија да излезе од НАТО.

Јакнење на улогата на Македонија во НАТО структурите и во ЕУ ќе бидат заложбите на  кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски во надворешната политика. Ќе чека членство во Унијата до 2030тата, но потоа ќе бара друго  решенија за државата. Од Крушево порача  дека не е подготвен да прифати  Уставни измени ниту сега, ниту одложено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе