Џиновска панда од видот Фу Бао од Јужна Кореја е пренесена во Кина во средата навечер на меѓународниот аеродром. По извршената инспекција на аеродромот, пандата е ставена во карантин кој се наоѓа во националниот природен резерват Волонг.
Транспортот на пандата е направен од страна на стручен тим, со специјално возило, а истиот траел неколку часови за да потоа пристигне во Кина.
За време на транспорт 6.000 нејзини обожаватели се поздравиле и се збогувале од местото на нејзиниот експорт, а на социјалните мрежи станала вирален хит со над 500 милиони прегледи.
Откако ќе заврши нејзиниот карантински период, пандата ќе биде достапна до очите на јавноста. Интересно е што џиновската панда Фу Бао претставувала вистинска атракција во забавниот парк Еверленд во Сеул, пред да пристигне во Кина.
Од Центарот за панди во Кина изјавија дека: ,,Со пристигувањето на пандата Фу Бао, ќе го храниме според претходните користени методи за храна во Јужна Кореја”.
