Култура Топ вести

Комеморација за Мустафа Јашар: Неговото име ќе биде врежано во темелите на новиот Турски театар

Турскиот театар од Скопје денеска одржа комеморација по повод смртта на актерот Мустафа Јашар, кој почина на 01. aприл на 77- годишна возраст . Јашар имаше статус на доајен на овој театар , во кој работеше од 1971 година и оствари над 100 улоги, а за дел од нив освои престижни награди. Со посветената работа, името на Мустафа Јашар ќе биде врежано во темелите на новиот објект на Турскиот театар, кажа на комеморацијата неговиот колега, Атила Клинче.

  • Бато Мустафа пред сѐ беше многу вреден господин. Постар брат, неверојатно добар сопруг и се сеќавам на него како предобар татко. Беше многу посветен на работата. Секогаш на пробите доаѓаше предвреме и кога станува збор за паметење, после бато Љутфи, најбргу ги запаметуваше текстовите . Ние со голема посветеност го сакавме Турскиот театар. Работевме многу за сегашните млади колеги слободно да ги играат претставите. Името на Мустафа Јашар ќе биде врежано во темелите на новиот театар, кажа Атила Клинче, актер и вонреден професор на ФДУ-Скопје.
  • Со длабока тага ја примив веста за смртта на мојот колега Мустафа Јашар. Имавме премногу заеднички спомени со Мустафа, со кој во 1971 година заедно ја поминавме аудицијата . Мустафа и на сцената и надвор од сцената беше вистински џентлмен и многу дарежлив човек. Јас, Мустафа ќе го паметам како човек кој ме засмејуваше мене и луѓето околу него, кажа актерката Бедиа Беговска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на Гоце Делчев

Дејан Дејан

Започна дистрибуцијата на доверлив избирачки материјал

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ впери прст кон ДУИ за изборни неправилности во вториот круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе