Вести Култура Топ вести

Синдикатот за култура реагира дека со матровските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за 2%

Вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за 2%, реагираат од Синдикатот за култура на Македонија. Од таму велат дека директорите на националните институции во заедничката Вајбер група, од Министерството за култура добиле нацрт -решение за пресметка на платите, во кое биле споменати двата колективни договори -за култура и Општиот, што се однесува на целиот јавен сектор. Но, одредбата од Општиот колективен договор , каде на основицата за пресметка на плата следува 10% покачување- право што го стекнале со ланските септемвриски плати, ја нема во диспозитивот на решението , велат од СКРМ. Тие се сомневаат дека се изманипулирани за да не добијат поголемо зголемување на платите, со преклопување на Општиот колективен со Колективниот договор за култура.

  • На крајот сѐ се сведува само на правото од Колективниот договор за култура. Сега директорите заедно со правниците и сметководителите се ставени во незавидна положба. Со ова нацрт – решение испратено без потпис на изготвувачот и без пропратно писмо за достава од страна на Министерството за култура, целата одговорност паѓа на грбот на директорите, велат од СКРМ во соопштение.

Од Синдикатот ги повикуваат директорите и правниците од националните установи во културата да ги направат пресметките согласно законот и колективните договори и да не дозволат непознати лица да им кажуваат како да постапат.

Синдикатот да не дезинформира, туку да потврди дека културните работници со мартовската плата ќе добијат највисоко покачување до сега, реагираше министерката за култура на Фејсбук.

  • Има само една вистина, а таа е дека во преамбулата од решението испратено до вработените во културата стои член 14 од Општиот колективен договор и стекнатото право за повисока плата ќе се применува и за мартовската плата. Основа за пресметка на платата е минималната плата според Гранковиот колективен договор, а претходно утврденото право според Општиот колективен договор продолжува да важи, напиша  на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска .

Но, од СКРМ ја повикуваат министерката за култура да им објасни, каде во нацрт- решението е применет членот 14 од Општиот колективен договор и колку проценти покачување на плата им следува за месец март, согласно колективните договори. Тие за утре најавија  прес конференција пред Министерстовот за култура. За истиот проблем од СКРМ реагираа минатата година.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе