Култура

Почина Мустафа Јашар, актер на Турскиот театар

На 77- годишна возраст почина Мустафа Јашар, актер на Турскиот театар од Скопје. Тој целиот работен век во помина во Турскиот театар, каде одигна многубројни улоги. За ликот на Креонт од претставата „ Антигона“, Јашар беше награден за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивалот на античка драма „ Стоби“ во 2003 година. Ја освои наградата за епизодна улога „ Димче Трајковски“, на МТФ „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп , 2005 година. Истиот фестивал му додели награда за животно дело, 2014 година. А, беше и лауреат на наградата Јуџел во 2020 година.

Кариерата на Мустафа Јашар паралелно течеше на филм и на телевизија, каде од втората половина на 70- тите години на минатиот век до минатата година одигра педесетина улоги во тв серии, играни  и тв филмови. Меѓу нив се : „ Итар Пејо“, „ Време води“, „ Црвениот коњ“, „Јужна патека“, „ Среќна нова 49“, „ Балканот не е мртов“, „ Трето полувреме “ и др.

Мустафа Јашар ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе