Вести Код Македонија

КОД: Кој е вистинскиот газда на Југохром

(КОД: Кој е сопственик на Југохром и опасните врски на корозивниот капитал) КОД беше во Јегуновце, во потрага по информации за сопственикот на Југохром, комбинат кој веќе 8 години е затворен, а лани излезе од уште еден стечај со ветување дека ќе вгради филтри на оџаците за да спречи загадување и ќе изгради соларна централа со кпацитет за 30 мегавати струја- годишно производство.

Официјално, сопственик на Југохром е фирма од Британските Девствени Острови со седиште на адреса на фирми на познати фудбалски суперѕвезди. Неофицицајлно е дека станува збор за истиот газда, Русинот Максим Москалев кој само ја префрли сопственоста. Од Југохром негираат дека има руска врска во нивното сопствеништво.

Во КОД вечерва и за карипските инвеститори во Македонија и дали државата има процедура да спречи влегување на корозивен капитал кој наместо профит има за цел криминал и политичко влијание. КОД е во редовниот термин, по вечерните вести на Телма.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Гори југот на Европа, пожари беснеат од Португалија до Грција – евакуирани 10.000 луѓе во Франција

Sasko Dimovski

Објавено новото ИП „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“ на Никола Коџабашија и Тегет

Дејан Дејан

Национален комитет го презема управувањето со Газа – Хамас со одлука за распуштање на владата по 20 власт

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе