Вести Македонија Топ вести

Судот досудил 100 евра казна за загадувач со опасен отпад, а законски казната е 9 до 10 илјади евра

За незаконско складирање опасен отпад, судот на фирмата “Еко Ливинг“ и досудил симболична казна, спротивно од сумата во илјадиници евра, пропишана во Законот за управување со отпад. Ова го кажа директорот на Државниот инспекторат за животна средина на денешната презентација на извештајот за работа, за периодот јули- декември 2023 година.

  • За фирмата „ Еко Ливинг“, тоа е загадување со опасен отпад. Предвидената казна , согласно Законот за управување со отпад е 9-10 000 евра, а судот досудил само 100 евра казна за правното лице, кажа директорот на ДИЗС, Сретен Стојковски.

За загадување на воздухот и почвата се поведени прекршочни постапки за повеќе компании, а изречени се парични казни од над 300 илјади евра, кажа Стојковски. За „ Таб Мак“ од Пробиштип, „ Дрисла“ од Скопје,  „ Санс- Аг“ од Штип , „ Таневски“ од Куманово и „ Голец Компани“ од Тетово, постапките се водат на суд. Во втората половина на 2023, изречени се две кривични пријави. Едната е за непознат сторител од Струга , за незаконско депонирање отпад на брегот на Охридското езеро , на локација кај селото Калишта. Втората кривична пријава ја делат компаниите „ Рецикал Еко- Старт“ и „Сатус“. Кривичната се однесува за бесправно депонираната оловна згура лани во октомври кај селото Орман , близу реката Лепенец, во општината „ Ѓорче Петров“. И покрај тоа што во случајот беа вклучени уште едно правно лице и едно физичко, Стојковски кажа дека сега зависи од одлуката на јавниот обвинител од ОЈО, дали ќе  покрене и други кривични пријави.

  • Сите потребни документи се доставени до ОЈО, побарани се и други документи кои ќе бидат доставени денеска или евентуално утре, кажа директорот Стојковски.

Од пред четири дена започнало расчистувањето на опасниот оловен отпад од локацијата. Тој ќе биде пренесен во кругот на компанијата „ Рецикал Еко- Старт“, каде согласно добиената изменета А- интегрирана дозвола, компанијата ќе може махенички да го третира и складира во специјално направен базен, обложен со геомембрана. А, за преработката на отпадот е направена адекватна инсталација, дополни Стојковски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе