Вести Македонија

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Пендаровски против Силјановска по вторпат, Стевче Јакимовски објави кандидатура, Бујар Османи ќе истрча утре на листата на која веќе ги чека Ванковска

Денешниот ден донесе тројца кандидати за претседателските избори.

Претседателот Стево Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ и ќе се бори за втор мандат во вилата Водно. СДСМ ја потврди кандидатурата вечерва. На Пендаровски ова ќе му биде трета кандидатура во низа, има една победа и еден пораз.

Како и пред 5 години, противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде пратеничката Гордана Силјановска Давкова. Опозицијата објави денеска, а кандидатурата на Силјановска треба да ја потврди на партиска конвенција на почетокот на март.

Кандидатура објави и градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ Стевче Јакимовски. Тој на последните претседателски избори ја поддржа кандидатката на опозицијата, но сега е веќе остар противник на ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски на последните избори имаше поддршка и од актуелниот кумановски градоначалник Максим Димитриевски, но веќе се шпекулира дека тој ќе биде кандидат на движењето ЗНАМ. Официјално за тоа кој ќе биде претседателски кандидат, ЗНАМ на Димитриевски ќе открие утре.

Утре се очекува да биде обелоденет и шефот на дипломатијата, Бујар Османи како кандидат на ДУИ. ТВ 21 објавува информации од партиски извори дека Али Ахмети утре ќе го објави името на Османи.

Арбен Таравари за кого албанскиот опозициски блок најавува претседателска кандидатура пак побара ДУИ да го поддржи како кандидат на Албанците во Македонија и да поддржи, претседателот на државата да се бира во Собранието.

Прва кандидатура објави професорката Билјана Ванковска која ќе биде претседателски кандидат на Левица.

Досега партиите потврдија 4 кандидати, двајца ќе бидат објавени утре, а во игра е и Таравари. Покрај тоа и лекарот Вело Марковски најавува дека ќе собира потписи за кандидатура.

Досега најмногу претседателски кандидати на избори имало во 2009-тата кога беа пријавени вкупно 7 кандидати.

На првите директни претседателски избори во 1994-та имаше само двајца кандидати, додека на последните во 2019-та имаше тројца кандидати од кои двајца (претседателот Пендаровски и Силјановска) повторно ќе се кандидираат на овие избори.

Досега на гласачките ливчиња имало 25 кандидати за претседател на Македонија од кои само две жени.

СДСМ застанува зад Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ зад Силјановска Давкова, претседателска кандидатура и од Стевчо Јакимовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе