Останато Спорт

Димевски ја доби довербата од делегатите: Ќе го води МОК и во следните четири години

Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски на денешното Редовно изборно собрание доби нов мандат од четирини години да раководи со оваа спортска организација. По неуспешниот обид на Иницијативниот одбор за промени во МОК да организира сопствено Собрание, вечерва Димевски доби убедлива подршка од делегатите.

Страстите и превирањата во македонскиот спорт барем за кратко ќе бидат во мирување, бидејќи Димевски успеа да ја задржи својата позиција, претседател на Македонскиот олимписки комитет. На Редовното изборно собрание одржано вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје, тој ја доби подршката на мнозинството да продолжи со уште еден мандат. Треба да се напомене дека Димевски немаше противкандидат.

Од вкупно 61 член на Собранието на МОК со право на глас, учествуваа 55. Димевски ја доби довербата со огромно мнозинство односно со 45 гласови „за“, осуммина беа „против“, а само двајца гласаа воздржано.

Иницијативниот одбор за промени во МОК во вторникот имаше неуспешен обид да организира Вонредно изборно собрание за смена на Димевски и назначување нов претседател. На истото се појавија само 28 делегати, а недостигнаа уште тројца за да има кворум па Собранието не се одржа. Очигледно е дека голем дел од членовите на на Иницијативниот одбор во меѓувреме го променија својот став, бидејќи само осуммина беа против на денешното Собрание.

Димевски ја презеде функцијата прв човек на МОК во 2020 година откако го наследи Васил Тупурковски, кој беше претседател од формирањето односно од 1992 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе