Вести Македонија Најважни

Владата почна со разрешување на кадрите на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците

По расколот во Алијанса за Албанците (АА)), владата на седница разреши нивни директори. На вчерашната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Авдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции. На тоа веднаш реагираа министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои доаѓаат од редовите на партијата, а за разрешувањата ги обвинија ДУИ. Рекоа дека сите проекти кои биле поврзани со ресорите Здравство и Информатичко општество и администрација биле експресно одбиени од Груби и аминувани од Џафери, надвор од сите прописи.

Тие, исто така, ја оценија како нелегитимна, одлуката на кадровската комисија на Алијанса за нивно разрешување, која вчера попладнето овој предлог го доставила до техничкиот премиер Талат Џафери. Алиу и Меџити тврдат дека во партијата постои група која „за нејзини цели се здружила со ДУИ и прави таков притисок за АА да оди на избори заедно со интегративците“,

Меџити и Алиу изјавија дека нема да поднесат оставки и изразија уверување оти партијата нема да бара нивно разрешување. Според нив, Алијанса на Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател. На ова претходно реагираше лидерот на партијата Арбен Таравари кој, во статус на Фејсбук, порача дека ваквите заплашувања се залудни, бидејќи како што посочи промената во партијата е почната и никој и ништо не може да го врати процесот назад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Најдоцна до 12 мај Собранието треба да ја прогласи Сиљановска Давкова за претседател, тогаш му истекува мандатот на Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе