Останато Спорт

Историска победа на Јул во Шамони: Од последен до 1.место (ВИДЕО)

Даниел Јул испиша историја во Светскиот куп во алпско скијање. Стана првиот скијач што стигнал до победа иако по првото возење бил на 30.место.

Денешната трка во спуст во францускиот ски-центар, Шамони ќе остане запаметена во светот на скијањето поради Јул. Швајцарецот по една голема грешка во првото возење беше на 30-тото место. Во втората трка тој успеа да надомести неверојатно време, 1 секунда и 93 стотинки во однос на лидерот Ноел Клеман за да дојде до победата. Јул сепак имаше релативно голема помош од временските услови, бидејќи скијачите кои се тркаа по него мораа да се соочат со мек снег, кој се топеше поради високите температури. Тој стана првиот скијач во историјата што надоместил 29.позиции во Светскиот куп во алпско скијање.

Втор финишираше сонародникот на Јул, Лoик Мељард со 16 стотинки послабо време, а трет беше Ноел Клеман од Франција, кој беше лидер по првата трка.

Во слалом, Мануел Фелер, кој денеска беше четврти, останува лидер со 490 бодови, Линус Штрасер е втор со 326 бодови, а Јул е трет со 285. Во генералниот поредок, Марко Одермат е убедливо на првото место со 1.406 бодови, додека Сиприен Саразан е втор со 684 бодови.

Следниот викенд, скијачите ќе се натпреваруваат во Банско, Бугарија, каде на програмата се трки во велеслом и слалом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе