Останато Спорт

Боксерскиот спектал во Ријад е одложен: Фјури мора да паузира три месеци

Борбата на годината помеѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик во тешка категорија во бокс што требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад е одложена. Британецот заработи тешка повреда за време на спаринг и мораше да се повлече од пресметката за обединување на сите светски титули.

Фјури и неговиот тим синоќа објавија дека боксерот нема да биде во можност да влезе во ринг со Усик за две недели поради големата расекотина на десната аркада, што ја заработи за време на спаринг меч. Популарниот „џипски кинг“ изјави дека е разочаран од случувањата и најави дека ќе работи на презакажување на борбата за друг датум.

Експертите сметаат дека Фјури нема да може да се бори барем три месеци, поради големата расекотина над окото. За ваквите повреди да залечат потребно е време, па можно е борбата да биде презакажана за претстојното лето. Фјури и Усик требаше да се борат за обединување на сите четири најважни светски титули. Британецот, кој е непоразен во кариерата го има појасот во ВБЦ верзијата, додека Украинецот ги има појасите во ВБА, ВБО и ИБФ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе