Емисии Код

КОД ja открива мрежата на босот од Грчец, трансфер на пари за Соравиа

1.Од Грчец до Дубаи од Дуќанџик до Шпанија се простирала групата на Шеваљ Муареми. Во полициска акција се уапсени десетмина, а водачот се слика од Дубаи со нов имиџ.

Во Емиратите е и Штекли кој во истовреме постоира фотографии на неговиот инстаграм профил.  Уапсената група е осомничена за три убиства и за еден обид за убиство.

Шверцувале дрога, а со децении Грчец е главна точка за внес на украдени автомобили.  Дебело е досието на оваа група каде низ годините се менувале и генерации, но Шеваљ секогаш е на врвот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека кругот не завршува кај криминалните банди туку се истражува и нивната поврзаност со вработени во МВР, судии и обвинители.

2.Групата од Грчец во конфликт со арачиновската Беланоца и Барон. Убиството на Џељо во Арачиново и на Рузвелтова до денеска не се разјаснети. И додека Шеваљ Муареми праќа на Тик Ток слики од Дубаи рамо до рамо со ултимејт фајт борецот Камзат Чимаев, во Македонија се одмотува клопчето за престрелките на скопските улици но и на Халкидики за меѓусебните престрелки на бандите. Потсетуваме и на реконструкциите на најдраматичните убиства од архивите на КОД.

3.Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, сопственик на трговскиот центар Соравија во Скопје беше уапсен пред Нова Година со автомобил полн петарди. Имало 750 пиротехнички сретства во неговиот „Ренџ ровер“ со албански таблички.

Го помина и распитот пред јавниот обвинител. И сите во јавноста се прашуваа што ќе му е шверц на петарди на еден газда кој купува милионски вреден трговски центар.  Дрин Ахмети тврдеше дека се за внуците.

А тој и самиот внук на лидерот на ДУИ Ахмети никогаш не кажа од каде му се парите за да си купи трговски центар во најстрогиот центар на Скопје.  КОД го има одговорот.

Емисијата „КОД ja открива мрежата на босот од Грчец, трансфер на пари за Соравиа“ е објавена на 28.01.2024.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Топ тема“ (14.05.2024) Опортунизам за дома, со потенцијал за изолационизам од надвор

Дејан Дејан

Топ тема (13.05.2024) Таравари оптимист за уставните измени и евроинтеграциите на државата

Дејан Дејан

Топ Тема 10.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе