Тинејџер од Тетово е лишен од слобода поради сомнение за кражби во верски објекти, објави министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 05.07.2026 во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и ,,тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во с. Брвеница и во две џамии во Тетово“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
