Останато Спорт

Саразан повторно славеше во спуст во Кицбил, Хектор најбрза на велеслаломот во Јасна (ВИДЕО)

Во Светскиот куп во алпско скијање, Сиприен Саразан со двојна спуст победа во Кицбил, Сара Хектор беше најбрза на велеслаломската трка во Јасна.

Саразан по вчерашната победа на спустот во Кицбил, денеска повторно беше најбрз на истата патека во истата дисциплина. За Французинот ова беше четврта сезонска победа, а трета во спуспт. Оствари време од 1:52,96 минути и за 91 стотинка беше побрз од Швајцарецот Марко Одермат, а трет беше Доминик Парис од Италија.

Одермат го задржа водството во спуст со 516 бодови, но Саразан сега има само шест помалку на второто место. Во генералниот поредок, повторно истите двајца скијачи се на врвот, но во овој случај Одермат има 1.156 бодови, а Саразан само 660.

Викендот во Кицбил завршува утре со трката во слалом.

Сара Хектор ја оствари првата сезонска победа и тоа на велеслаломската трка во Јасна, Словачка. Швеѓанката оствари вкупно време од 2:17,80 минути во двете возења, а зад неа финишираше Микаела Шифрин со една и пол секунда послаб резултат. Трета беше Алис Робинсон од Нов Зеланд.

Во велеслалом води Лара Гут-Бехрами, која денеска беше шеста, со 485 бодови, пред Федерика Брињоне со 460, а трета е Шифрин со 429. Американката е прва во генералниот поредок со 1.109 бодови, а втора е Петра Влхова со 802 бода.

Утре во Јасна скијачките ќе се натпреваруваат во слалом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе