Останато Спорт

Австрија пред Словенија и Германија во тимските ски скокови во Закопане

Во Светскиот куп во ски скокови денеска се одржа првиот тимски натпревар во Закопане, Полска. Победата ја однесоа скокачите на Австрија.

Австрија освои вкупно 1.146,6 поени, а најдобар беше Михаел Хајбек, кој индивидуално имаше најдобар настап. Штефан Крафт беше трет, а меѓу најдобрите 10 беа и Мануел Фетнер и Јан Херл. Тоа беше доволно за Австријците да го освојат првото место, пред Словенија, која стигна до 1.095, 5 бодови. Третото место и припадна на Германија.

Утре во Закопане на ред е натпреварот во индивидуална конкуренција со што ќе се комплетира полската турнеја.

Следниот викенд нема натпревари од Светскиот куп, туку на програмата е Светскиот шампионат во ски летови во Бад Митендорф, Австрија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе