win-win

ВИН ВИН (11.01.2024) Мехмедович: Основниот елемент на превенција од пертусис е вакцијацијата која е 90% ефикасна

Сезоната на респираторни инфекции носи опасност од “тридемија”.

Има ли загрижувачки тренд, останува ли под радар фазата на ширење, постои ли опасност од епидемија?

Во регионот беснее големата кашлица, колку сме во ризик од импортирање?

Ќе донесе ли комисијата за заразни болести препораки за построги мерки говори д-р

Злате Мехмедовиќ – Комисија за заразни болести гостин во вечерашната емисија Вин-Вин  со Оливера Трајковска.

„Ние сме во опасност од импортирање на случај, тоа е јасно на сите. Меѓутоа најефикасниот начин да го спречиме тоа да се случи е вакцинацијата. Не е ни затворањето на граници, не е ниту носењето на маски, не е ниту миењето раце, иако не смееме да ги минимизираме како заштитни средства кои ние често пати ги препорачуваме, но основниот елемент на превенција е вакцинацијата. 90% е ефикасноста на вакцината која што е наменета против пертусис“, рече во вечерашната емисија Вин Вин на Телма, д-р Злате Мехмедовиќ – Комисија за заразни болести.

„Тоа значи дека ако е тоа првата линија сите овие останати пропратни елементи кои што можеме да ги користиме, мислам дека затворањето на границите е надвор од здравата логика, тоа Ковид ни го покажа дека практично не можете да го контролирате заразното заболување кога вашата околина е преплавена со позитивни случаи. Меѓутоа овие препораки за носење маска, миење раце, одржување на хигиена, внимателност на тоа кои површини се допираат и како се допира, бидејќи потоа лицето или носот може да се контаминира. Најголемиот апел кој што можеме да го упатиме до родителите е да ги вакцинираат децата. Не е дека не можеме да препорачаме многу работи и маските и хигиена, но немојте тоа да го правите да биде замена за вакцинација на вашите деца“, вели Мехмедовиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вин Вин 24.04.2025

Дејан Дејан

Вин-Вин (17.04.2025) Интервју со министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Дејан Дејан

Вин Вин 10.04.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе