Останато Спорт

Каратистите на „Макпетрол” добитници на два спортски оскари

Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година. Каратистите на „Макпетрол“ и годинава се добитници на две вредни признанија.

Спортските оскари ги освоија Витомир Трајковски за најдобар спортист во младинска конкуренција, како и Универзитетскиот карате-тим составен од пет спортисти-сениори кои што се членови на скопскиот клуб.

Витомир Трајковски годинава на Светските игри во Ријад, Саудиска Арабија во конкуренција на првите Топ 8 спортисти од светската ранг-листа стана светски бронзен медалист. Тој освои бронзен медал од официјално европско првенство во Коња, Турција за помлади сениори (У21), стана и Балкански првак во Тирана за 2023 исто во конкуренција на (У21). Годинава Трајковски е бронзен медалист од светската 1 Премиер карате лига А серија во Атина.

Универзитетскиот карате тим е прогласен е за најдобар во универзитетскиот спорт. На Европските игри на боречки спортови во Загреб тимот го освои златниот медал и стана европски првак. Карате тимот кој е европски првак во својот состав има пет членови од карате клубот „Макпетрол“.

Петар Заборски изјави дека овој тим е најдобар во историјата на универзитетскиот спорт на Македонија, бидејќи ја одбрани титулата европски првак што ја освои минатата година на европската универзијада во Лоѓ, Полска во конкуренција на 20 спорта од 40 држави.

За овој тим, капитенот, покрај двата златни медали од европски универзијади, посочи дека има освоено и сребрен медал од европската универзијада во Загреб и сребрен медал од светските игри на боречки спортови во Самсун, Турција.

За тимот настапија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“, Димитар Илиевски од „Ботони“ и Глигор Хаџикимов од карате клубот „Штип“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе