Вести Македонија Најважни

„Самоопределување“ не може да дејствува политички во Македонија

Партијата на Албин Курти не може да дејствува политички во Македонија. По синоќешната најава дека косовското „Самоопределување“ ќе биде четвртиот партнер во Европскиот сојуз за промени – коалицијата на опозициските Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса, експертите појаснуваат дека странски политички субјект не смее да учествува на избори во нашата држава, ниту, пак, да дејствува политички, освен да даде морална поддршка.

Според член 8 од законот за политички партии, партии регистрирани во други држави не можат да дејствуваат на територијата на Македонија. Забрането е и да бидат регистрирани под исто име, а членовите на партиите во државата мора да бидат македонски државјани. Исто така и нашиот Устав забранува државјанин на друга држава да се кандидира на избори во Македонија, а уште помалку да биде назначен за пратеник во македонското Собрание, дури и да има двојно државјанство.

На нашите прашања, претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, телефонски ни појасни дека, името на „Самоопределување“ нема да стои на листата, која ќе биде под името „Европски сојуз за промени“. Тие немаат регистрирано партија во Македонија, затоа ќе бидат кандидирани лица кои се поддржувачи на косовската партија, а се македонски државјани. Го посочи примерот на стружанецот Беким Ќоку, кој е советник за Македонија на Албин Курти, но и поранешен член на Алијанса за Албанците. Тој беше претставник на Курти и на синоќешното отворање на канцеларија во Скопје, кога беше најавена соработката.

Ниту на премиерот Димитар Ковачевски не му е сосема јасно ова здружување, па бара дообјаснување. И опозицискиот лидер потсетува дека на изборните листи може да има само македонски државјани.

Партиите од Европскиот сојуз за промени уште пред да го официјализираат своето здружување, на гости го повикаа Курти на нивните големи политички собири во Чаир и во Тетово. Но, изби скандал со знамето на Голема Албанија, по што следеа бројни реакции низ регионот.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе