Останато Спорт

Ивановски: Јас живеам за да трчам маратон на Олимписките игри во боите на Македонија

Атлетската федерација на Македонија денеска ги прогласи најдобрите во кралицата на спортовите за 2023 година. Очекувано признанието за најдобар атлетичар отиде во рацете на Дарио Ивановски, додека најдобра атлетичарка е Дрита Ислами.

Ивановски овој месец постави нов македонски рекорд во маратон во Валенсија и со големи очекувања влегува во 2024 година.

„Оваа 2023 година ќе ја оценам како една од моите најуспешни спортски години, бидејќи сите овие години што тренирав напорно, оние тешки денови што сум ги имал во спортот, на 3.декември успеав да истрчам државен рекорд во маратон и да влезам во квалификациите за Европско првенство што следната година ќе се одржи во Рим. Многу сум среќен што успеав да си докажам самиот на себе дека можам да трчам добро време во маратон. Време кое со кое се освојувале медали на Европските првенства, па дури и време кое носело медали на Олимписките игри. Ова ми даде уште поголем мотив да верувам во самиот себе и да очекувам да бидам подготвен рамо до рамо на Европското првенство и со најдобрите“, изјави за „Телма“, Ивановски.

Неговиот најголем сон е во 2024 година да настапи на Олимписките игри во Париз во дисциплината маратон.

„Јас живеам да трчам маратон на Олимписките игри. Од моментот кога истрчав два часа и 11 минути, последните 500 метри си замислував како влегувам на Олимписките игри и како гордо ги претставувам боите на нашата држава“, заврши нашиот најдобар атлетичар. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе