Македонија

ССМ: Министерствата за образование и за финансии ги изманипулираа вработените во ДИЦ

Сојузот на синдикати на Македонија денеска изрази поддршка за штрајкот во Државниот испитен центар, чии вработени бараат зголемување на платите од 25%. Повеќе од 6 месеци колку што штрајкуваат во ДИЦ, министрествата за образование и за финансии не направија ништо за порастот на платите на овие јавни службеници и само ги манипулираат. Нивните плати ги зголемија до 78%, а на вработените во ДИЦ не сакаат да им ги покачат до 5000 денари, рекоа од ССМ. А, од Синдикалната организација на ДИЦ се пожалија дека од Министерството за финансии им било понудено непостоечко системско решение за пораст на платите.

Министерствата за образование и финансии ги изманипулираа 29 вработени во Државниот испитен центар. Нивните плати ги зголемија до 78%, а не сакаат да одвојат до 5000 денари за вработените во Државниот испитен центар кои повеќе од 6 месеци штрајкуваат за зголемување на платите за 25%. Ова го кажаа од ССМ, изразувајќи поддршка за штрајкот во ДИЦ.

  • За жал, нивната добра волја која што ја искажаа во минатото, особено со ставање на штрајкот во мирување во месец мај за да може да се полагаат матурските испити не даде резултати и министрествата за образование и за финансии ги изманипулираа и ги излажаа, рече Слободан Трендафилов- претседател на ССМ.

За изјавата на министерот за образование дека за проблемот во ДИЦ не се надлежни, од Синдикалната организација на Шаќири му порачаа , ако е така , тогаш да не врши притисоци врз нив за запирање на штрајкот. Не се задоволни од порастот на платите за 10% со Општиот колективен договор од септември годинава и рекоа дека од Министерството за финансии добиле одговор за ново зголемување на платите, согласно непостоечко системско решение.

(изјава: Емилија Бошковска- претседателка на Синдикална организација на ДИЦ)

  • Зборуваат за нов Закон за административни службеници, кој што до ден денешен, како што знаете, не е стапен на сила, кажа Емилија Бошковска-претседателка на Синдикалната организација на ДИЦ.

Револтирани се и што нема одговор од Финансии за последните приложени измени до нив на новиот Колективен договор. Затоа бараат нова средба со нив.

Иако побаравје, за сега нема одговор од Финансии.

Поради штрајкот во ДИЦ, 700 наставниците -приправници не полагаат испити за стекнување лиценци, со што би биле вработени на неопределено време.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Остануваме на ваша страна за реформи и европска иднина – Макрон со честитки до Силјановска за изборната победа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе