Останато Спорт

Брињоне триумфираше на супер велеслаломот во Вал д’Изер: Дури 26 скијачки не ја завршија трката

Федерика Брињоне беше најбрза на супер велеслаломот одржан денеска во Вал д’Изер во рамки на Светскиот куп во алпско скијање, што за неа беше трета сезонска победа и 24-та во кариерата.

Италијанката најдобро се снајде на тешката патека во францускиот ски-центар и дојде до триумф со време од 1 минута, 21 секунда и 58 стотинки. Зад неа финишираше Касја Викоф Лие од Норвешка со 44 стотинки послабо време, додека трета беше Софија Гоџа од Италија.

Патеката им правеше сериозни проблеми на скијачките денеска па дури 26 не ја завршија трката од вкупно 58 стартери, меѓу кои беа и Микаела Шифрин и Лара Гут-Бехрами.

Во супер велеслалом Гоџа е лидер со 160 бодови, пред Брињоне која има 145, додека трета е Корнелија Хитер со 130. Микаела Шифрин е прва во генералниот поредок со 620 бодови, пред Брињоне, која има 557, додека Гут-Бехрами има 429.

Скијачките остануваат во Франција, но се селат во Куршевел, каде во четврток ќе се вози трка во спуст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе