Вести Македонија Најважни

Адвокатот на Палевски за Телма: Ме замоли да го однесам во Белград на преглед, не знаев ништо за убиствата

Го однел Палевски во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Вака адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма, објаснува зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата.

Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за  оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред, рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата праваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, вели адвокатот Стојков.

Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ, затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи биле и пријатели.

Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне и после сѐ се чувствува злоупотребено.

Јас сум адвокат и ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам, рече Стојков во телефонскиот разговор за Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе