Култура

Над 20 учесници од регионот и Европа ќе дебатираат за одржливост и претприемништво во креативните индустрии

Kако претприемачите можат да ги преобразат своите бизниси за да ги направат поиздржливи, кои се новите алатки и модели за претприемачите да управуваат со ризиците, кои се можностите за пристап до финансирање, какви политики можат да се спроведат за промовирање на одржливо претприемништво се само дел од темите кои ќе бидат загатнати на третиот Меѓународен форум на креативни индустрии на тема „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“ во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ кој започнува утре во киното „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. Во рамките на овој форум ќе земат учество голем број светски истакнати претставници од креативните индустрии.  Една од целите на форумот е и склучување партнерства со други организации и институции од регионот и Европа. Меѓу многуте прашања кои ќе бидат загатнати е и дискусијата за авторските права, заштитата на и управувањето со авторските и сродни права, како може позитивно да влијае врз развојот на креативните индустрии.

Во рамките на третиот „Меѓународен форум на креативни индустрии“  се одржува и дводневниот Саем на креативни индустрии (28 и 29 ноември) во организација на здружението „Балкан синема ситис“ и  Унијата на македонски организации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје на кој ќе се претстават над 40 учесници низ различни креативни гранки како видео игри, роботика, лабораториски експерименти за деца, фотографија, издаваштво, работилници за создавање книги и цртање стрипови, гастрономски уникатни производи, мода, дизајн, ќе има и музика во живо со инструменти, видео игри на Нинтендо, електронски решенија од Факултетот за електротехника и информациски технологии, претставување на уникатна храна во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, мебел и уникатни дрвени производи изработени од остатоци од мебел, органска козметика, со што ќе им се даде можност на младите бизниси и креативци кои сега се пробиваат на пазарот. Новитет на саемот се повеќе едукативни работилници за основци и средношколци што ќе се одржуваат двата дена, како и едукативни презентации на самите штандови. На дводневниот настан посетителите ќе имаат и можност да дегустираат и производи.

Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во Битола на 15 декември во Културен и информативен центар – Битола.

ТВ ТЕЛМА е медиумски покровител на настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експресионистичкиот ликовен свет на Масин од вечерва на увид на јавноста

Дејан Дејан

Шестото издание на „Литера“ со повеќе новитети

Дејан Дејан

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе