Вести Македонија Топ вести

Кој го застаре ТНТ – пинг-понг меѓу Кривичен и Апелација

Скопска Апелација ја префрли топката кон Кривичниот суд Скопје. Два месеци чекавме да ги исправат грешките во куцањето на пресудата за случајот ТНТ и дури по ургенции ни вратија некомплетен предмет.

Осум месеци го чуваа во Апелација пред да ни го вратат на исправка, одговори Кривичниот суд. Случајот беше испратен во Апелација во ноември минатата година, а ни го вратија во јули.

Со оглед да се работи за период на судска ферија, а имајќи предвид дека судечкиот судија кој постапувал по предметот во меѓувреме почина, па неговите предмети беа прераспределени кај друг судија, постапувајќи по барањето, Кривичниот суд изготви решение за исправка и истото, на 12.09.2023 година, заедно со сите списи на предметот го вратил на повторно одлучување во Апелациониот суд, одговори денеска Кривичниот суд Скопје.

Бизнисменот Фијат Цаноски вчера обвини за судско злосторничко здружување за намерно застарување на случајот, и да не може да си ја наплати штетата од 11 милиони евра за уривањето на комплексот Космос во 2011 година. Тој го обвини судијата Ѓоко Ристов од Апелација дека намерно го одолговлекувал случајот.

Судијата Ристов на денешната јавна седница за случајот рече дека во преписот на пресудата пишувало дека Миле Јанакиески е осуден на 3,5 години затвор, а судијата јавно му досудил три години. Додека чекале Кривичниот суд да им ги врати исправките, на сила стапија измените на Кривичниот законик со кои случајот може да застари.

Ристов ги смета обвинувањата од Цаноски за притисок врз судот, оцени дека имало навреди, клевети и закани и очекува Обвинителството да се позанимава со тоа по службена должност.

Застареност на случајот денеска побараа адвокатите на обвинетите, но и обвинителството.

Никола Груевски првостепено беше осуден на 9, Миле Јанакиески на 3, а Тони Трајковски и Елизабета Најдовска на 4 години затвор. Тие беа задолжени да ја надоместат штетат од 11 милиони евра. Тие се жалеа на Апелација. По измените на Кривичниот законик, делото застарува.

Код веќе истражуваше дека по измените на Кривичниот законик може да пропаднат стотици милиони евра претпоставени штети.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе