Триесет илјади кубни метри дрвја или колку атар на едно село исчезнува годишно поради дива сеча, според сознанијата на Национални шуми. Дел од крадците ги откриваат шумарските служби и полицијата, а дел остануваат неоткриени за властите. Директорот на Национални шуми, Валентин Груевски ја префрли топката за откривање на крадците кај Министерството за внатрешни работи.
Тој притоа уверува дека ова грејна сезона ќе има доволно дрва за огрев.
Во истовреме, надлежните најавија и акција за пошумување со 1,2 милиони садници. Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше акција Ден на дрвото. Владата предводена од СДСМ, пак, се фали дека зелената транзиција е еден од нејзините пет приоритети.
Околу 40 проценти од територијата на државата е под шума. Но, квалитетот на шумите е друга приказна.
Пошумувањето со црн бор, јавор, чемпрес, јасен, костен и други дрвја ќе се врши на 36 локации во 19 региони. Акцијата започнува в понеделник.
Марија Митевска
