Одговорност за „Дивото месо“ во здравството ќе има со име и презиме, рече денеска пред новинарите претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи која на последниот ден од работата на комисијата побара да се продолжи рокот на работа и да се зголеми опфатот на временскиот период вклучително со април 2023 за кога се однесува и извештајот на ФЗО.
„Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано „диво месо“ во здравствениот систем и владеење на „канцер мафијата“.
Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи.
Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато.
Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни колични лекови за суми кои се изразени во милиони евра.
Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба поматаму не е позната. почитувана јавност, ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе“, објасни Мизрахи на денешниот прес.
