Вести Најважни Свет

Израел го зголеми опсегот на делување во Газа – се водат битки „гради в гради“ во густо населената област

Израелската армија го зголеми опсегот на делување во Газа и од рано утринава се водат битки гради в гради во густо населените квартови во областа. По речиси 24 часовен информациски мрак во земјата денеска повторно се вратени телефонските линии и интернет конекциите.

Прекинот на коминукациите дојде во време кога Израел ги интензивираше бомбардирањата и ја започна најавуваната копнена офанзива. Израелските сили соопштија дека изминатото деноноќие погодиле 450 цели.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ова е „втора фаза“ од, како што вели, „долга и тешка“ војна со Хамас, втора војна за независност на еврејската држава.

Меѓувреме расте бројот на жртви, жителите на бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа рекоа дека не им останува друга опција освен да ги отворат старите гробници на локалните гробишта за да ги погребаат загинатите во воздушните напади, но додаваат дека веќе нема место ни таму.

 -Нема слободно место на гробиштата. Тоа се стари гробови наречени Фистакија. Многу стари. Тие ја отворија Фистакиата, подземна просторија во која имаше мртви луѓе. Тие ги извадија коските настрана и ги симнаа долу телата на 25 маченици на едно место, раскажува Абу Нур Ал Хор, роднина на загинати.

 

 -Пред 20 дена на гробиштата беа погребани повеќе од 500 маченици, а таму ги отворивме старите гробови, немаше место, особено што тука пристигнаа огромен број маченици, а старите гробови ги отворивме, и таму веќе немаше место, вели Диа Акел, која работи на гробиштата Деир ал-Балах.

Повеќе од 1,4 милиони луѓе се раселени поради израелското бомбардирање на палестинската територија. Очајните палестински семејства засолниште побараа во болница Насер во Газа. Претставниците во болницата велат дека во објектот во моментов сместени се 20 илјади жители.

-Дворовите, просторите за одмор сега се целосно преполни со пациенти и нивните роднини. Едноставно, дури и малку да се подобри пациентот не можете да го испратите дома, бидејќи нема дом, тој само останува во болница, се чувствува побезбедно со семејството затоа што го изгубиле домот и не можат да одат никаде, изјави Д-р Мохамед Кандил, директор во болницата Насер.

 

-Се колнам во Бога дека спијам во близина на ѕидот, покрај нас поминуваат луѓе и повредени, дури и тркалата на носилките ме удираа во нозете додека спијам, се разбудив најмалку 10 пати во текот на ноќта поради ракетите, не можеме да спиеме, нема одмор, не можеме ни да ги испереме алиштата, не знаеме каде да одиме, бањата е затворена, вели Сана Абу Самра, раселен жител на Газа.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш уште еднаш повика за итен хуманитарен прекин на огнот во Газа и на безусловно ослободување на сите заложници со цел да се овозможи доставување одржлива помош за луѓето на палестинската територија.

-Ситуацијата во Газа од час во час станува се поочајна. Жалам што наместо критички потребната хуманитарна пауза поддржана од меѓународната заедница, Израел ги интензивираше своите воени операции. Бројот на цивили кои се убиени и повредени е тотално неприфатлив, порача Антонио Гутереш генерален секретар на ОН.

Луѓето во Газа се исплашени, фрустрирани и очајни. Илјадници палестинци во Газа насилно влегоа во складиштата за храна и лекови што е „загрижувачки знак дека граѓанскиот поредок почнува да се урива“, велат ОН.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе