Вести Најважни Свет

Галант: Земјата се затресе во Газа, почнуваме нова фаза од војната против лидерите на Хамас

Израел започна проширена копнена операција, откако претходно ги урна комуникациските канали во Појасот Газа. Од почетокот на офанзивата во регионот владее речиси тотален информациски мрак. Ова во голема мера ги отсече 2,3 милиони луѓе на опколената енклава од светот, истовремено овозможувајќи и на израелската војска да го контролира наративот во нова фаза на борби. Израелскиот министер за одбрана рече дека „земјата се затресе во Газа“ и најави дека војната против лидерите на Хамас на палестинската територија влезе во нова фаза.

Ја завршив проценка на ситуацијата. Синоќа остваривме фаза од војната. Ќе продолжиме да бидеме силни и прецизни и да го уловиме секој терорист, изјави Јоав Галант, израелски министер за одбрана.

На блокирањето на комуникациите реагираа хуманитарните организации велејќи дека тоа ја попречува помошта за цивилите во Газа. Претставници на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина се состанаа во Каиро за да разговараат за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Порачаа дека хуманитарните коридори треба да останат отворени со денови и да се дозволи помош во соодветни количини.

Сите го изразија своето силно незадоволство од она што се случува во врска со прекршувањата врз цивилите и таргетирањето на медицинските работници и хуманитарните организации, покрај прекинот на комуникациите што ги попречуваат способностите на палестинската Црвена полумесечина и другите хуманитарни партнери внатре го спречува и Појасот Газа да ја изврши својата улога во помошта на погодените луѓе и лекувањето на повредените, вели Рами ал-Назер, извршен директор на египетската Црвена полумесечина.

 

Израелските напади и телекомуникациските инсталации и последователното исклучување на интернет ефикасно ги остави Газаните без можност да знаат што се случува низ Газа и ги отсече од надворешниот свет. Ги потсетуваме сите страни на нивните обврски според меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права, изјави Волкер Турк, висок комесар на Обединетите нации за човекови права.

Израелската Армија објави дека во текот на ноќта „погодила 150 подземни цели“ во северниот дел на Појасот Газа. Израел верува дека палестинското исламистичко движење ги организира своите операции од голема мрежа на подземни тунели. Израелските власти соопштија и дека при денешната воена интервенција елиминирани се неколкумина од водачите на Хамас.

Во текот на ноќта, Израелските одбранбени сили и Израелската управа за безбедност елиминираа неколкумина терористички команданти на Хамас. Ова го вклучува и шефот на Хамас, кој беше клучен член вклучен во масакрот на 7 октомври во Израел. Покрај тоа, Израелските одбранбени сили го убија командантот на поморските сили на бригадата Газа, како и други команданти на бригадата. Овие команданти се оперативни команданти на Хамас, тактички водачи на Хамас. Нивното елиминирање го олеснува напредокот на војната и овозможува силите на терен да се борат против послаб непријател. Ние ќе продолжиме да дејствуваме како такви, порача Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.

Еврејската држава изминатиот период собра стотици илјади војници долж границата пред очекуваната копнена офанзива, а Појасот Газа со денови е под блокада која значи намалување на залихите на вода, храна, струја и лекови. Советот за безбедност на ОН, вчера изгласа резолуција со која повикува на итен прекин на огнот, но Израел резолуцијата ја нарече „одвратна“.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе