Лицата со попреченост бараат гарантирана квота во Изборниот законик, а државата уште не им обезбедила ни пристапност до 76% од гласачките места.
Пописот во 2021 регистрирал 94.412 лица со попреченост во Македонија или 5% од населението, но тие остануваат невидливи за системот.
Вечерва во Топ Тема дебата со Благица Димитровска од “Инклузива”, Елена Кочоска – активист и експерт за човекови права и попреченост и Игор Јадровски од Комисија за спречување и заштита од дискриминација.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
