Вести Најважни Свет

Израелците „чистат“ терен пред втората фаза – Нетанјаху најави дека појасот Газа ќе биде срамнет со земја

Израелската војска, покрај чистење на теренот на југот на земјата, спроведува и евакуација на сите жители од израелските зони околу појасот Газа. Мисијата е замислена да трае 24 часа по што операцијата „Железни мечеви“ против милитантните на Хамас ќе влезе во втора фаза. Премиерот Бенјамин Нетанјаху го повика населението да ги напушти домовите околу појасот Газа, бидејќи, како што порача, областа наскоро ќе биде срамнета со земја. Портпаролот на израелската армија најави дека во областите се распоредени десетици илјади израелски војници кои ќе ослободуваат сектор по сектор. до елиминација на сите терористи на територијата на Израел.

По вчерашниот напад на Хамас, ракетирање на делови од израелската територија денеска изврши и шиитското проиранско движење Хезболах на што израелската армија одговори со воздушни удари врз цели на организацијата во јужен Либан. Кабинетот за безбедност на Израел, пак, претпладнево изгласа дека земјата и официјално е во воена состојба и дека може да извршува „значителни воени активности“.

Во големиот напад на Хамас врз Израел што започна вчераутро се убиени најмалку 400 луѓе, а над 2.000 се ранети. Палестинците, пак, објавија за над 310 убиени лица и над 2.000 повредени во израелскиот одговор врз појасот Газа. Многу луѓе се водат како исчезнати, а членови на семејствата прават се што е во нивна моќ да дознаат било што за каква вест за нивните најблиски.

По масовниот и изненадувачки напад на Хамас, премиерот Нетанјаху нареди мобилизација на дел од резервниот состав. Израел го прекина и снабдување со електрична енергија, како и на храна и производи на палестинска територија. Училиштата во појасот Газа се затворени, а Доктори без граници објавија дека во борбите е погодена и една болница во енклавата што резултирало со повеќе човечки животи.

Западот едносласно  го осуди нападот на Хамас врз Израел, на прекин на насилствата повика и Папата Франциск, Палестинците побараа итен состанок на Арапската лига, а за денеска е закажан и итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Блискиот исток.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе