Спорт Фудбал

Шпанија, Португалија и Мароко организатори на СП 2030, но првиот натпревар ќе се игра во Монтевидео

Светското фудбалско првенство во 2030 година ќе се одржи во шест различни земји и ќе се игра на три континенти, потврди денеска ФИФА. Шпанија, Португалија и Мароко се официјални домаќини и организатори на Мундијалот, но ќе се играат натпревари и во три земји во Јужна Америка.

Уругвај ќе биде домаќин на првиот натпревар на Светското првенство во 2030 година на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео со што ќе се одбележи точно 100 години од првиот фудбалски Мундијал одржан во оваа држава. Следните два натпревари ќе се играат во Аргентина и Парагвај. Потоа овие три репрезентации заедно со нивните противници ќе се преселат во Шпанија, Португалија или Мароко, каде што ќе продолжи да се одржува Мундијалот.

Сите овие шест репрезентации ќе автоматски ќе се квалификуваат на турнирот, односно нема да играат квалификации.

Иако првите мечеви на турнирот ќе се играат во Јужна Америка, официјалната церемонија за отворање на Мундијалот ќе се одржи во официјалните земји домаќини, Португалија, Шпанија и Мароко.

Шпекулациите се дека ФИФА ќе и ја додели на Саудиска Арабија организацијата на СП во 2034 година. За потсетување, следниот Мундијал во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе