Вести Најважни Свет

Курти: Опколени се 30 тешко вооружени лица, барам од нив да се предадат

Во селото Бањска се наоѓаат 30 тешковооружени лица, изјави косовскиот премиер Албин Курти по одржувањето на вонредниот состанок на Советот за безбедност.

Има најмалку 30 тешковооружени лица, професионалци, војници или полицајци, кои се опсадени од нашите полициски сили, изјави Курти.

На пресконференцијата косовскиот премиер презентираше видео снимки и фотографии на вооружени лица и блиндирани возила во селото Бањско и кај манастирот.

На фотографиите се гледа дека тоа не се вооружени цивили ниту шверцерски банди, туку провесионални воено-полициски сили, кои влегле на територијата на Косово. И внатре во манастирот и надвор покрај надворешниот ѕид се гледаат блиндирани возила, без таблички и тешко вооружени, рече Курти.

Косовскиот премиер исто така порача дека во моментов најважно е да не загине уште некој.

Да нема војување, а за тоа потребно е овие формации да се предадат на органите за безбедност бидејќи се опколени од нашите сили. Најважно е ова позитивно и мирно да се заврши, а потоа ќе видиме како ќе правиме понатаму, изјави Курти.

Курти додаде дека засега не успеваат да идентификуваат ниту едно од лицата, затоа што тие носат маски.

Ова не е борба со вооружени цивили, туку со луѓе кои се опремени со тешко вооружување и претставуваат голема опасност, на само по уставниот поредок и законите на Косово, туку и по безбедноста на сите граѓани, рече Курти.

Тој побара од нив да се предадат на безбедносните органи, наведувајќи дека сакаат владеењето на правото, мирот и безбедноста да важат за сите граѓани, без разлика. Косовскиот премиер исто така ги замоли и сите граѓани од сите етнички зедници на Косово да останат мирни и да ги следат официјалните соопштенија за точно да се информираат за ситуацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе