Uncategorized Вести Економија Најважни

Денар поевтина паштета, три денари поевтин леб, ама кутија наполитанки цели 20 денари-млак дочек на новите гарантирани цени меѓу граѓаните

Некои за над  20 денари некои  пак поевтинија за дури еден денар. Од денеска во маркетите нови пониски гарантирани цени. Лебот, јогуртот, јајцата, киселото млеко, кашкавалот, овошјето, зеленучукот,  дел од месните производи, оризот, брашното, тестенините, бисквитите, наполитанките, се само дел од производите кои поевтинуваат за 10 отсто и на кои  треба да стои ознака -гарантирана цена. Некои маркети утринава се уште калкулираа, но некои од рано се фатија за работа и ги променија сумите. Телма направи обиколка во неколку места. Можеше да се забележи дека кај тестенините намалувањето се движи  од 7  па до 14 денари. Кај наполитанките и бисквитите и до 20 денари, но имаше и такво поевтинување од скромни  3 до 4 денари, па дури и од еден денар.

Корекции се правеа, но во маркетите  се уште чекаа да ги добијат ознаките -гарантирана цена- која треба да стои за да може купувачите полесно да доаѓаат до поевтинетите производи.

Граѓаните пак кои ги анкетиртавме се пожалија дека не можат да видат што е тоа што е намалено, а  поевтинувањето од само 10 отсто е незначотено и на никој нема да му помогне.

-10 отсто е малку тие поскапеа 50 отсто а намалуваат 10 треба да се намалат цените онолку колку што се зголемија па и повеќе,,,

-Ништо не е поевтинето 180 денари домати за што зборуваме 

-Не сум приметил  исти се како и вчера и денеска може  би од утре ќе поевтинат или задутре

-Доволно е подобро нешто, отколку ништо, велат граѓаните

Инспекторите од пазарна оставаат мал простор трговците да се прилагодат на одлуките, и во текот на денот тргнуваат во контрола. А утре во обиколка  ќе оди и министерот Бектеши.

Од денеска, па се до крајот на ноември околу 24 категории на производи ќе бидат со пониски цени за  околу 10 отсто,  од цената која ја имале на први август. Производите пак кој ќе бидат на акција треба да се поевтини и од замрзнатата цена. Оние пак чиј рок е пред истекува, а се продаваат на ваков начин треба да биде јасно обележано дека рокот изминува. Од следната недела ќе има намалување и на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци. Бектеши добил писмо од производителите на сокови пиво и минерална вода, дека ќе се приклучат кон мерката.

Препораките од надлежните се да се почитуваат одлуките,  затоа што оној кој нема да се придржува ќе биде затворен.

Со укинување на претходните одлуки за ограничените маржи, цените на производите почнаа драстично да се зголемуваат. Во текот на летото можеше да се забележи поскапување кај сите продукти, но граѓаните најповеќе рагираа на високите цени од овошјето и зеленчукот.  Министерот Бектеши очекува со одлуките инфлацијата до крајот на годината да падне до 5 отсто.  Сепак, за синдикатите мерките се задоцнети и сметаат  дека  требало да се донесат веднаш кога престанаа  да важат  претходните одлуки и да не им се остава толкав простор на трговците да ги договараат цените.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе