Вести Македонија Најважни

(видео)Измените на КЗ се донесени без владата да направи анализи како тоа ќе влијае врз најмалку 14 судски предмети

Еден по еден, најмалку 14 предмети  за кои на обвинителна клупа се 80 лица, ќе паднат во заборав  по контроверзните измени на Кривичниот законик, бришењето на став 5 од членото 353, според кој се одговараше за злоупотееби при јавните набавки, поради застареност. На  овој список се уште 40 нови предмети што се водат во обивнителството за организиран криминал заведени лани.

Кој се од поранешните и актуелни функционери ќе се спаси од судски прогон? Имаме ли тивка амнестија за “функционерската каста”?  За ова, како и за прашањето колку предлог – законот за амнестија на осуденици ќе ги растерети затворите? во Топ Тема вечерва дебатраа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерката за правда, Александра Цветановска, претседателка на МЗМП и Јанаки Митровски, адвокат.

Измените на КЗ се донесени без владата да направи анализи како тоа ќе влијае врз најмалку 14 судски предмети за кои се обвинети 80 лица, ова е заклучокот од вечерашната топ тема, во која заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ не одговори и како ќе бидат процесуирани уште 40 предмети отворени лани.

„Не сакам да го коментирам постапувањето на обвинителите или судиите во иднина“, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ вечерва во Топ Тема, прашана околу измените на кривичниот законик.

Со бришењето на став 5 од член 353 во опасност се и 40 нови предмети во кои се опфатени 107 лица, од кои : осум актуелни и поранешни градоначалници, 29 административни службеници, пет судии, еден стечаен управник, еден адвокат, 11 раководни лица, тројца поранешни министри, четворица поранешни функционери и 47 други лица, како и две правни лица.

Таа не одговори дали ќе може да бидат процесуирани предмети кои се водат во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, заведени лани, а кои се однесуваат на укинатиот став пет за злопупотреби на јавни набавки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе