Вести Македонија Најважни

Верувам дека Тимот Европа ќе работи и со 30+, рече Фон дер Лајан

Европа мора да одговори на повикот на историјата, која не повикува да работиме на комплетирање на нашата Унија и во свет каде што некои се обидуваат да ги одвојат земјите една по една, не можеме да си дозволиме да ги оставиме нашите сограѓани Европејци на страна, па затоа стратешки и безбедносни интереси на Европа е да ја комплетираме нашата Унија, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на пред Европскиот парламент во Стразбур.

  • Треба да поставиме визија за успешно проширување. Унија комплетна со над 500 милиони луѓе кои живеат во слободна, демократска и просперитетна Унија. Сојуз заокружен со млади луѓе кои можат слободно да живеат, учат и работат. Унија комплетирана со живи демократии во кои судството е независно, се почитува опозицијата и новинарите се заштитени, рече Фон дер Лајен.

Според неа, сега е време да се размислува за подготовка за проширувањето за да се добие комплетна Унија.

  • Треба да ги надминеме старите бинарни дебати за проширувањето. Не се работи или за зајакнување на интеграцијата или за проширување на Унијата. Можеме и мораме да ги направиме и двете. Тоа ни дава геополитичката тежина и капацитет за дејствување. Тоа е она што нашата Унија отсекогаш го правела, потенцира Фон дер Лајен.

Таа додаде дека секој бран на проширување доаѓа со политичко зајакнување и по падот на Железната завеса еден економски проект беше претворен во вистинска Унија на луѓе и држави.

  • Сметам дека и следното проширување мора да биде катализатор за напредок. Почнавме да ја градиме Европската одбранбена унија на 27 земји и верувам дека можеме да ја завршиме на 30+. Докажавме дека можеме да бидеме геополитичка унија и покажавме дека можеме брзо да се движиме кога сме обединети. И верувам дека Тимот Европа ќе работи и со 30+, рече Фон дер Лајан.

Таа потсети на големото проширување од пред 20 години, кое беше наречено „Европски ден на добредојде“ и беше триумф на решителноста и надежта над товарот од минатото.

– Во овие 20 години видовме економска успешна приказна која ги подобри животите на милиони луѓе. Сакам да се радуваме на следниот Европски ден на добредојде и на следните економски успешни приказни. Знаеме дека ова не е лесен пат. Пристапувањето се заснова на заслуги и Комисијата секогаш ќе го брани овој принцип, рече Фон дер Лајен.

За остварување на таа цел, според неа, потребна е напорна работа и лидерство, но веќе е постигнат голем напредок.

– Ги видовме големите чекори што Украина веќе ги направи откако и дадовме кандидатски статус. И ја видовме решеноста на другите земји кандидати за реформи, потенцира претседателката на ЕК.

Таа нагласи дека владеењето на правото и основните права секогаш ќе бидат основата на ЕУ и во сегашните и во идните земји членки, па затоа Комисијата како клучен приоритет ги стави Извештаите за владеење на правото.

Фон дер Лајен потенцира дека ЕК тесно соработува со земјите членки за да го идентификува напредокот и да даде препораки за годината што претстои, а тоа е овозможено со дијалог меѓу земјите членки, кој дава резултати и тоа може да го стори истото за идните земји членки.

– Затоа, со задоволство можам да објавам дека ќе ги отвориме Извештаите за владеење на правото за оние земји кандидати да се движат побрзо и ова ќе ги стави на еднаква основа со земјите членки. Поддржете ги во нивните реформски напори. И тоа ќе помогне да се осигуриме дека нашата иднина е Унија на слободи, права и вредности за сите, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека тоа е во заеднички интерес.

Според неа, Европскиот парламент отсекогаш бил еден од главните двигатели на европската интеграција, како во изминативе децении, така  и денес.

– Јас секогаш ќе го поддржувам овој Дом и сите оние кои сакаат да ја реформираат ЕУ за таа да функционира подобро за граѓаните. И, да, тоа значи и промена на Договорот за ЕУ, ако и каде е потребно. Но, не можеме и не треба да чекаме промената на Договорот за да продолжи проширувањето. Унијата погодна за проширување може да се постигне побрзо, рече Фон дер Лајен.

Според неа, тоа ќе значи одговарање на практични прашања за тоа како Унијата од над 30 земји ќе функционира во пракса, но добрата вест е дека со секое проширување оние кои велеа дека тоа ќе не направи помалку ефикасни, се покажа дека грешат.

– Треба да ја разгледаме поблиску секоја политика и да видиме како тие би биле засегнати од една поголема Унија. Ова е причината зошто Комисијата ќе започне да работи на серија прегледи на политиките пред проширувањето за да види како секоја област можеби ќе треба да се прилагоди на поголема Унија. Ќе треба да размислиме како би функционирале нашите институции – како би изгледале Парламентот и Комисијата. Треба да разговараме за иднината на нашиот буџет – во однос на тоа што финансира, како го финансира и како се финансира. И ние треба да разбереме како да обезбедиме веродостојни безбедносни обврски во свет каде одвраќањето е важно повеќе од кога било, рече Фон дер Лајен.

Таа порача дека на овие прашања мора да се даде одговор денес ако ЕУ сака да биде подготвена за утрешнината и Комисијата ќе ја одигра својата улога во тој процес.

– Ова е причината зошто ние ќе ги изнесеме нашите идеи на дискусијата на лидерите под белгиското претседателство. Ќе бидеме водени од верувањето дека комплетирањето на нашата Унија е најдобрата инвестиција во мир, безбедност и просперитет за нашиот континент. Значи, време е Европа уште еднаш да размисли за големата слика и да си ја напише сопствената судбина, нагласи Фон дер Лајен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе