Вести Македонија Најважни

(видео)Ковачевски го обвини Дарт Вејдер на македонското судство за промената на Кривичниот законик која сега се укинува

Јавноста се` уште реагира за измените на кривичниот законик, но тие од утре стапуваат на сила. Тоа значи дека ќе има помали казни за двете кривични дела – злоупотреба на службена положба и овластување како и злосторничко здружување. Притоа, се воведува и граница на максимална казна, а со укинувањето на еден став од делото злоупотреба на службена положба и овластување делата побрзо ќе застаруваат.

Европската Комисија реагира дека измените се избрзани и донесени со злоупотреба на европското знаменце, како и дека  директно ќе влијаат врз повеќе случаи за корупција на високо ниво и нивно застарување.

Но, премиерот Ковачевски поинаку гледа на работите.

  • Ако некој разговара со ЕУ, тогаш тоа го прави Македонија, бидејќи ние со Албанија водиме скрининг процес. Сите процеси се комуницирани на ЕУ. Кај нас се забележува на бавност, а нешто кога оди брзо не треба да му се забележува толку многу. Измените кои беа направени се во согласност со законодавства кои важат во ЕУ. Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, односно направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат – рече Ковачевски.

Дарт Вејдер е лик во филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“ кој е главен негативец во филмот, за кој на крај ќе се открие дека е татко на најголемиот херој во серијалот. Често се користи како синоним за злото.

Одредбата од Кривичниот законик, за злоупотреба при јавни набавки за функционери, беше донесена во 2009-тата година. Тогаш премиер беше Никола Груевски (за кого ќе може да се применат измените и да му застарат и бидат поништени повеќе дела по укинатиот член), а министер за правда беше Михајло Маневски.

Ковачевски не прецизираше на кого мисли, ниту пак објасни на што мисли кога зборува за комунистички казни или казни од комунистичкиот режим. СДСМ чиј претседател е премиерот Ковачевски е правен наследник на Сојузот на комунисти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе