Вести Македонија Најважни

Кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство?

Најпознатиот негативец во историјата на филмот, стана аналогија за креаторот на Кривичниот законик кој сега се менува. Премиерот го нарече „Дарт Вејдер“ на македонското правосудство човекот што стои зад актуелниот закон што сега експресно беше сменет и покрај бројните реакции во јавноста.

Тоа што претходно го имавме е закон во кои казните беа од некое комунистичко време, бидејќи беа направени од јас го нарекувам некој „Дарт Вејдер“ на македонското судство и обвинителство, и тоа не значи дека не треба да се променат, изјави Ковачевски.

Ковачевски не прецизираше кого спореди со ликот во филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“, кој често се користи како синоним на злото.

Премиерот тврди и дека, сè што се прави е во договор со ЕУ, дека измените на кривичниот законик се во согласност со европското законодавство, но Европската комисија излезе со поинаков став. Портпаролката Ана Писонеро изјави дека „ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик, усвоени во забрзана постапка, влијаат врз голем број случаи на корупција на високо ниво“. Додаде и дека ЕУ изразува жалење поради недостигот на сеопфатни консултации со домашните фактори и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата со ЕУ знаменце, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со законодавството на Унијата.

Поради ова и од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со дилема.

Со која ЕУ се консултирал Ковачевски? Додека тој даваше изјава тие ги осудија измените во КЗ, така и за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги отфрли, попусто се надева. ЕК денес излезе со став дека жалат за недостатокот на сеопфатни консултации на власта со домашните чинители и ЕУ пред усвојувањето на измените, но и за злоупотребата на европското знаменце. Наместо владеење на правото, со Ковачевски имаме владеење на криминалот, неказнивоста на владините функционери е императив на неговата работа, велат од опозициската партија.

И додека препукувањата сè уште траат, измените од утре веќе стапуваат на сила. Тоа значи дека ќе има помали казни за двете кривични дела – злоупотреба на службена положба и овластување како и злосторничко здружување. Притоа, се воведува и граница на максимална казна, а со укинувањето на еден став од делото злоупотреба на службена положба и овластување делата побрзо ќе застаруваат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе