Вести Македонија Најважни

Трета среќа по две свечености – со минирање на планина над Горна Бањица почна изградбата на Коридорот 8

Со минирање на планината над селото Горна Бањица стартуваа градежните работи за изградбата на Коридорот 8, нешто што двапати претходно беше најавувано. Почеток беше означен и во април на свеченост кога беше откриена табла и во јуни со геодетски испитувања. Денеска, според вицепремиерот Артан Груби, како координатор за изградба на коридорите, пробивањето на трасата на автопатот Гостивар-Букојчани е реална активност на терен.

За изградбата на коридорите на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“ ќе им бидат потребни над 2.000 работници, а имаат избрано 37 подизведувачи, но ниту вицепремиерот, ниту проектниот менаџер, не откриваат дали името на фирмата донатор на ДУИ, „Еуровиа“, се наоѓа на таа листа.

„Досега имаме 37 подизведувачи, 36 од нив се македонски компании. Ќе има уште многу како што ќе напредуваме со работата и навистина се радуваме што ќе можеме да работиме со локалните подизведувачи. Тоа се поединечни подизведувачи, ќе видите различни камиони. Ние следиме меѓународен стандард за ангажирање подизведувачи, бараме квалификувани понудувачи со понуди кои ги ревидираме технички и го ангажираме најдобриот понудувач“, изјави Џошуа Бејкер, директор на проектот.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, изградбата на коридорите е започната со потпишување на договорот. Досега на „Бехтел&Енка“ им се исплатени над 170 милиони евра.

Американската амбасадорка Ангела Агелер, која присуствуваше на настанот, уште еднаш ја истакна својата поддршка.

„Сите ние минавме низ овој мал кривулест пат за да стигнеме до тука и лично одвај чекам, како и верувам многу граѓани на оваа земја, да имаме нов, убав, широк пат по кој ќе може да се вози и благодарна сум што работите се придвижија и одвај чекам да ги видам резултатите“, рече Ангела Агелер, американска амбасадорка во земјава. 

Инаку договорот со конзорциумот за изградбата на четири автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10Д предизвика низа сомнежи кај партии од опозицијата, но и организации. Иститот е под лупа на Антикорупциска, додека според анализите на Институтот за демократија властите заобиколиле неколку контролни механизми при носењето на законот за коридорите со што се зголемува ризикот од корупција. Освен посебниот Закон кој беше изгласан, беа направени и измени на пет други закони.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

 МНТ со праизведба на  „ Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „ Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Димитриевски: Во Влада да, но без ДУИ и со јасни црвени линии за заштита на идентитетот и државните интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе