Вести Најважни Свет

„Даниел“ ја поплави половина Либија – над 2.000 удавени, цели градови под вода

Илјадници луѓе загинаа по силната бура Даниел која од Балканот се префрли во Либија, предизвикувајќи разорни поплави во неколку градови. Според властите, се стравува дека бројот на загинати надминува 2.000, но илјадници се исчезнати.

Бурата Даниел го зафати копното во неделата, поради што властите прогласија екстремна вонредна состојба. Седум припадници на либиската армија исчезнаа за време на тековните спасувачки напори. На истокот од земјата е воведен полициски час, училиштата се затворени, исто како и продавниците. Најпогодени се  градовите Бенгази, Сус, Дерна и Ал-Марџ.

Во градот Дерна, каде живеат 100.000 жители,  се урнаа две брани, потопувајќи голем дел од областа при што многу луѓе се удавени. Градот е прогласен за  „град на катастрофа“.

Куќите во долините се однесени од силни струи од кал кои носеа возила и остатоци.. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување.

Властите соопштија дека не ги предвиделе размерите на катастрофата, и поради тоа земјата не била подготвена да се соочи со временска непогода од овие размери, поради што не биле навремено евакуирани луѓето.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Први поенти од завршените избори- обезбеден цензус за претседателски избори, тивок бојкот на ДУИ со потврда од Арбер Адеми кој јавно соопшти дека не гласал

Дејан Дејан

Обвинителство – Генерално мирен изборен ден без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

Арбер Адеми не гласал за претседател, а ДУИ очекува 20 пратеници во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе