Вести Македонија Најважни

ЕСМ ја чека Арсовска, Данела го чека ЕСМ – Кој треба да ја заврши работата за поставување на нови цевки, а граѓаните да се спасат од поскапо парно?

На нешто повеќе од еден месец, пред стартот на новата грејна сезона, не се знае  дали и кога новите цевки за парно  кои беа оштетени во пожарот ќе се постават на мостот  Беласица.  Институциите  се натегаат кој треба да ја заврши работата. Од ЕСМ  велат  дека  тие своите активности ги завршиле, новите цевки се тука, се чека Град Скопје  да даде дозвола да се постават. Од градот пак тврдат дека електрани самите треба да го санираат местото каде треба да се постават цевките и потоа да ја издадат дозволата.

ЕСМ чека дозвола од Град Скопје да ги постави новите цевки за парно на мостот Беласица. Од градот пак  возвраќаат,  државните електрани се тие кои прво треба да го санираат местото  каде  треба да бидат поставени, па потоа да даде дозвола.

Во новиот допис од ЕСМ стои дека тие се подговвени.  Ги завршиле своите активности, но сега  ги чекаат градските власти да им дозволат да го постават топловодот.

  • АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок. Во изминатиот период во целост  се заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата.

Од Град Скопје пак велат дека тие не се надлежни за санација на местото каде треба да бидат поставени  цевкитe за парно. Тврдат дека тоа  треба да го направи ЕСМ,  и откако ќе ја завршат работата,  градот ќе издаде дозвола за поставување на топловодот. Тоа го пишувало и во експертскиот извештај.

И додека институциите се натегаат кој треба да ја заврши работата, грејната сезона е пред нас, а граѓаните може да добијат поскапо парно

Претседателот на РКЕ, Бислимовски повторно пред неклку дена побара од градските власти равботата да се зварши и цевките ЕСМ да ги постави, за да не  се доведеме во ситуација да плаќаме повисоки сметки за греење.

Рече дека  тука поминува главната топловодна мрежа за Скопје и ако не е во функција, нема да може да се користи топлинската енергија од ТЕТО , туку онаа од другите топлани која е поскапа. Мостото Беласица беше опожарен уште во мај,  и беше целосно затворен за сообраќај. Од викендов, тој  делумно е отворен и по него транзитираат само лесни возила.

Кон крајот на овој месец треба да се донесе и новата цена на парното греење. Иако, тоа требаше да се направи кон крајот на јули, РКЕ одлучи да биде пред новата грејна сезона затоа што компаниите за топлинска енергија  и Владата меѓу себе имаат  неподмирени долгови.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе