Вести Македонија Најважни

На едниот му се заглавило копчето, другиот бил најавено отсутен?!

На едниот му се заглавило копчето за гласање, другиот бил најавено отсутен. Вака премиерот ги оправда пратениците Диме Велковски од неговата партија и коалициониот партнер Илија Николовски од Партија на пензионерите, кои денеска не гласаа за дневниот ред, на кој беа уставните измени. Случајно или не, Велковски не гласаше ниту за заклучоците од францускиот предлог, но за премиерот тоа не значи ништо.

Ковачевски не се откажува од уставните измени. Најави дека дискусијата и понатаму ќе се води на сите нивоа и убеден е дека на крај ќе се обезбеди двотретинско мнозинство. Ја обвини опозицијата дека ја блокираат европската иднина на граѓаните за лични цели, а против просперитетен живот.Рече и дека, нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку да блокираат и да ги спасат своите политички кариери.Опозицијата, пак, денеска не сакаше да дебатира со цел потребата од уставни измени да се стави што побргу на гласање и да се види дека власта нема двотретинско мнозинство. Протестираа кога собранискиот спикер ја затвори седницата уште пред 15 часот, одложувајќи го гласањето за неодредено време.

Веднаш потоа побараа и предвремени избори.

Нивните аргументи на денешната седница против измените беа дека не смее да има опасни преседани и посебни критериуми за Македонија за влез во ЕУ.

Владејачките партии, пак, аргументираа дека измените не загрозуваат ништо, а го отвораат патот кон ЕУ.

Неизвесно е кога спикерот Џафери ќе свика продолжување на седницата. Мнозинство од 80 пратеници е неопходно за оваа прва етапа од отворањето на Уставот, а процесот има три фази.Амандманите се утврдуваат во втората фаза, за што е доволно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61 глас.

Потоа, низ јавна дискусија, тие се финализираат како предлог-амандмани и се враќаат во Собранието каде почнува третата фаза за што е повторно потребно двотретинско мнозинство.

Македонскиот Устав е донесен во 1991 година и досега има претрпено 8 измени со 36 амандмани.

 

Далиборка Демјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе