Вести Македонија Најважни

Секој 2-ри август иста песна – повици за обединување, но и обвинувања за распад на идентитетот

Пораки за единство и обединување, но и обвинувања за договарање за распад на македонскиот идентитет. Премиерот Ковачевски на тврдината Кале. Неговиот политички противник, лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Мицкоски во Крушево по повод Илинден. Ковачевски прво положи цвеќе на споменикот на слободата, па во своето обраќање повика на обединетост во носењето на следните важни одлуки кои ќе имаат влијание врз идните генерации. Рече дека само така можеме да ја добиеме следната битка- полноправно членство во Европската Унија (ЕУ), затоа што Мекедонија е успешна мултиетничка приказна која и е потребна на Европа, како што Европа ни е потребна на нам.

„Дали ќе ја следиме визијата и храброста на илиндецните и асномците и ќе градиме европска држава интегрирана во ЕУ или ќе останеме сами и изолирани е само наша одлука. Огништето на татковината значи полни домови, деца, мотивирани млади луѓе, значи среќни луѓе. Ако сонот на граѓаните, и особено на младите, е да живеат во европска држава, тогаш нека е тоа тука во родната земја. Огништето на татковината кое е создадено во пламен и со крв да го сочуваме да не се случи да остане празно“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски, пак, од Мечкин Камен рече дека додека ги слушаме денешните изјави на власта под маса се договара распадот на македонскиот идентитет. Сепак, и тој како и Ковачевски заврши со повик за единство.

„Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија. Но, пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, пораките за единство очигледно се само дел од говорите за време на големите празници. Секодневно  и власта и опозицијата  излегуваат со различни ставови и имаат различна визија за тоа во кој правец треба да се движи земјава во иднина. Со месеци наназад може да се види дека  власта инсистира на брзи уставни измени до крајот на годината, а опозицијата на предвремени парламентрани избори со кои очекуваат да дојде до промена на власта.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе