Вести Македонија Најважни

Инспекцискиот надзор утврдил дека директорката на „Комунална Хигиена“ незаконски потпишала откази

Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, утврдил дека директорката Косана Мазнева незаконски ги отпуштила вработените. Инспекторатот налага да се поништат отказите, се вели во соопштението на синдикатот.

  • Донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор. 

 За денеска е најавена седница на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена на која синдикатите очекуваат да се постапи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.

Отказите на 27 работници следуваа откако директорката Мазнева обвини дека ја блокираат работата на претријатието, па поради тоа делови од Скопје останаа неколку дена со неиспразнети контејнери за смет.  Директорката ги нарече група од подземјето кои со години работеле трета смена која повеќе се плаќа. Дополнително, рече дека си правеле приватни бизниси од фирмата, богатејќи се на сметка на претпријатието.

Истовремено вети и дека ќе одговори на барањата за зголемување на платата согласно минималната. Кажа дека од март платата на вработените е зголемена за 864 денари, а договорите за работа се прекинати само со оние лица кои не работеле ништо.

Сепак, најголемиот апсурд беше што на отпуштените вработени воопшто не им се дадени отказните решенија со причините за отказите туку биле известени кога стигнале на работа вечерта, со листа на огласната табла.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе