Вести Македонија Најважни

Ќе се замрзне ли богатството на Јордан Камчев и во земјава? Висок функционер на СДСМ надзор во банка поврзана со Камчев!

Ако САД побара, владата има можност да воведе рестриктивни финансиски мерки и во земјава за бизнисменот Јордан Камчев, дозволено со законот за меѓународни рестриктивни мерки. Телма праша и во надлежното министерство во САД, а владата во земјава во иднина и сама ќе дискутира за „црната листа“. До тогаш, Камчев е финансиски слободен граѓанин во земјата. Може да поседува имот, сметки, депозити и да поседува удели во фирми. Но, нема реакции како бизнис соработниците ја разбрале пораката која САД ја испрати со номинацијата на Камчев.

Камчев осамна на „црната листа“ на САД, но неговата финансиска слобода во земјава цвета непречено. Во САД и да сака не може да троши пари, затоа што има забрана да стапне, но во земјава може да отвора сметки, да основа фирми и да располага со удели и депозити. Црната листа на која се најде Камчев како и да не важи во земјава. Но, неговат финансиска слобода може да згасне со само еден допис од САД.

Македонскиот законодаваец во 2018-та година на сила го донесе Законот за меѓународни рестриктивни мерки по кој постои основ, на барање на САД, владата да му изрече слични забрани во земјава на Камчев. Телма, ова и други прашања, околу механизмите на црната листа ги испрати на надлежното министерство за финансии во САД, а од МНР добивме потврда дека владата ќе го разгледува случајот Камчев, според Законот за меѓународни рестриктивни мерки. Па, така постапката од раце на Управата против перење пари се сели во владата.

„Доколку мерката беше изречена од Обединети нации или Европската Унија, владата ќе мораше да му изрече рестриктивни мерки по автоматизам. Црната листа на САД е поинаков документ од земја партнер и мора одлуката самостојно да ја донесе владата. Управата предлага во случај лицето да учествувале во финансирање на тероризам,“ се вели во одговорот на Управата за финансиско разузнување.

Во случајот Камчев, САД мора да побара и извести, а владата да одлучи. Но, додека се чека САД да ги дообјасни механизмите од номинацијата на Камчев, уште поголеми недоумици имаат банките и бизнис соработниците на Камчев. Иако, тој си замина своеволно од своите бизниси и ги предаде уделите на нему блиски, надзорот во Стопанска банка А.Д. „Битола“ го врши генералниот секратар на СДСМ и проактивен ширач на политиките на владејачката партија, Миле Зечевиќ. Тој не се одзва на повиците на Телма да одговри дали ја прмил пораката на САД дека под будното око на службите се и лицата кои се тесно поврзни со финансиите на Камчев, но затоа стои во официјалните и јавно достапни документи на банката.

Освен Камчев и државата затекната од црнилото е и Народната банка. Велат, немаат никаква надлежност да постапат и да го спречат, Камчев да соработува со комерцијалните банки.

Одговорноста понатаму е лична на секоја банка- фирма. Врз колкав капитал удри САД на Камчев може само да се претпоставува, но дали по црната листа ќе следи истрга во САД или во земјава засега е непотврдена информација, која потекнува од минатото кога Камчев поседуваше и раководеше со фирми во Делавер и Њујорк.

Молчи САД, молчи и обвинителството кое со Камчев заврши два коруптивни судски процеси. Во „Плацеви на Водно“ доби една година затвор, а за деценискот перење пари во „Империја“ повлекување од гонење во змаена за 5,3 милиони евра. Во „Рекет“ на Боки 13 остана само на сведок.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе