Кошарка Спорт

Хот: Со тимска игра и поддршка од трибините до победа против Чесите

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години на Европското првенство, Б дивизија што се игра во Скопје, вечерва од 21 часот против Чешка ќе се бори за првото место на турнирот.

Нашата селекција веќе обезбеди пласман во повисок ранг од континенталниот шампионат, но нашите кошаркарски надежи посакуваат со победа да го завршат првенството и да го освојат првото место.

“Со оваа победа влеговме во А-дивизијата, но тука не застануваме, одиме по пехарот.. Се надевам дека тој ќе заврши таму каде што припаѓа. Ја повикувам цела нација, сите да дојдат да нè поддржат. Македонија има генерации и генерации фантастични кошаркари. Треба да продолжиме по истиот пат… Верувам дека ќе бидеме достојни наследници на Перо Антиќ, Војдан и Дамјан Стојановски”, изјави за веб страницата на Кошаркарската федерација, Амар Хот.

Еден од најдобрите играчи во нашиот состав потенцира дека клучот за успехот е тимската игра и смета дека и покрај фактот што нема да може да настапи Андреј Митревски ќе може да се радуваме на нова победа.

“Клучот за нашите победи е нашата тимската игра, нашата тимската хемија, нашиот стручниот штаб. Работевме напорно цел месец, и мислам дека апсолутно го заслуживме ова. Ќе играме во финалето најдобро што знаеме и умееме. Да, многу ќе ни недостасува Андреј Митревски, но оние кои ќе играат, ветувам, ќе го остават срцето на теренот”, заврши македонскиот репрезентативец.

Мечот против Чешка почнува во 21 часот, а влезот во арената Борис Трајковски  за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Баерн Минхен доби нова „корпа“ ниту Рангник не сака да седне на клупата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе