Кошарка Спорт

Младите кошаркари се пласираа во финалето и ќе играат во А-дивизијата

Македонската репрезентација до 20 години обезбеди финале на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје, а со тоа и автоматски промоција ранг погоре односно во А-дивизијата на европската кошарка. Нашите таленти денеска ја совладаа Украина, а нашиот противник во големото финале ќе биде познат вечерва по дуелот помеѓу Шведска и Чешка што се игра од 21 часот.

Македонија триумфираше против Украина со 66-53 во арената „Борис Трајковски“ во меч во кој го контролираше резултатот во сите четири периоди. Избраниците на селекторот Никола Василев одиграа одличен меч и покрај тоа што недостигаше еден од најдобрите играчи Андреј Митревски, кој вчера се повреди во четвртфиналето против Велика Британија.

Денеска лидер на нашиот тим беше Резарт Мемед, кој постигна 24 поени, Амар Хот имаше 12 поени и 11 скока.

Нашите надежи со оваа победа веќе ја остварија примарната цел, а тоа е пласманот во А-дивизијата, а утре од 21 часот повторно во „Борис Трајковски“ во големото финале ќе играат и да го освојат овој Б-шампионат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе